Тимот на Охрид славеше висока победа против Струга со 29-18 (полувреме 14-7). Квалитетот на Охрид, неколкуте спорни судиски одлуки како и лошата игра на Струга беа причина домаќинот да создаде убедлива предност уште на стартот и да го реши дуелот во своја корист.
Во тимот на Струга денес на ниво беа само средниот бек Владо Кастратовиќ со 9 гола и голманот Никола Матовиќ кој бранеше одлично. Пикерот Пеце Ѓорѓиоски со 4 гола беше третиот кое се истакна во денес бледото издание на Струга.Од младите ракометари во Струга се истакна Бобан Савески кој изнуди неколку пенали и постигна 1 гол. Во Охрид денес најдобри беа Тасески со 6 гола и голманот Брауновиќ .



