Ракометарите на Еурофарм Пелистер вечер (20.45 ч.) и ги започнуваат настапите во Лигата на Европа. Tие во салата “Боро Чурлевски” во Битола го рамки на првото коло играат против францускиот Ним.
Изјава на Жељко Бабиќ пред натпреварот со Ним:
Францускиот ракомет оди во нагорна линија, имаат многу квалитетни играчи во сите нивоа. Мораме да бидеме многу прецизни, тактички добри. Ним е класична француска екипа, цврста и многу брза. Во одбрана комбинираат со 6-0 и 5-1. Доста истрчуваат низ брз центар и особено брза транзиција, преку десно крило и бек, кои доминираат во нивната игра. Се очекува многу контакти, трчање и класично „тепање“ на теренот. Мора да бидеме спремни на малку поинаква игра, не каква што сме навикнати досега во Европа.



