Вечерва од 20:45 часот во СЦ „Јане Сандански“ тимот на Вардар го пречекува Монпелје во 4. коло од Групата А во Лигата на шампионите. Овој натпревар ќе го судат шпанците Андреу Марин и Игнасио Гарсија Серадиља, додека делегат е Марко Тоси Бранди од Италија.
Maкедонскиот првак нема пораз досега откако на стартот одигра нерешено кај Елверум и славеше со Мешков Брест и Алборг во Скопје. Додека Монпелје доаѓа во Јане Сандански по извонредна победа над Кил.
Напреварот ќе може да го гледате во живо на АРЕНА СПОРТ 3 на следниот ЛИНК.



