Во драматични 40.минути, екипата од Аеродром за поен поен подобра од Работнички (79:78), и по четвртти пат го освои трофејот
Не може да има подобар почеток на една нова сезона во македонската клупска кошарка од натпревар во кој се среќаваат двата наши најтрофејни клубови, МЗТ Скопје Аеродром и Работнички.
Плус, по една долга пауза, со присуство на навивачи, со препознатлив декор, на двете страни од гледалиштето.
Така беше вечерва, во СРЦ „Кале“, каде се играше натпреварот од Суперкупот, кој од оваа година го носи името „Драган Василов Цевка“.



