Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа обезбеди пласман четвртфиналето на турнирот во Визбаден, Германија откако во осминафиналето ја совлада 189. тенисерка на ВТА ранг листата, Марина Мелникова (четврта носителка) со 2:0 во сетови и тоа со 6:3,7:5.
Ѓорческа за влез во полуфиналето ќе се бори со Федерика Ди Сара од Италија, која е осма носителка на овој турнир.



