Во петтото коло од Европскиот Клупски Куп кој се одржува во Струга, ШК „Алкалоид“ славеше висока победа против норвешката екипа на Оферспил, за која што на првата табла настапува светскиот мампион, велемајсторот Магнус Карлсен.
Алкалоид славеше со 5,5 – 0,5. Единствен кој успеа да спаси реми, по четири часовна борба беше токму Карлсен, во партијата со ВМ Шахријар Мамедјаров.
По пет одиграни кола ШК Алкалоид има осум освоени бодови и се наоѓа на делба на четвртото место со осум поени, зад водечките три екипи Медњи Всадник (Русија), чешкиот АВЕ Нови Бор (Чешка) и Сила-Валенсија (Шпанија) со по девет поени. Во шестото коло Алкалоид денеска ќе игра дерби меч против екипата на АВЕ Нови Бор од Чешка која е трет носител на турнирот



