Во првото коло од Женската лига во рамките од Групата Б, Вардар славеше на гостувањето кај Ѓорче Петров со 19:17. Ивона Трпевска беше најефикасна во Вардар со 5 гола, додека во Ѓорче Петров со по 4 гола најдобри беа Симона Стојановска и Ангела Јанкуловска.
Шампионките Куманово имаа лесна победа на стартот на новата сезона на гостувањето кај Шампион со 22:29. Најефикасна во Куманово беше Наташа Нолевска со 9 гола, додека во тимот на Шампион, Нина Неделковска постигна 5 погодоци.



