Под слоганот “6 Тимови – 1 Шампион“ – вечерва започнува 47-то издание на традиционалниот Меѓународен ракометен турнир “Струга 2019” , кој од денес до сабота ќе се одржува на отвореното игралиште кај женска плажа кое го носи името на струшката ракометна легенда „Наумче Мојсовски“.
Оваа година на турнирот ќе учествуваат шест тимови. Првата група ја сочинуваат домаќинот Струга, Еурофарм Работник и Пролетер (Србија) додека во втората ќе се натпреваруваат АЕК (Грција), Ескилстуна Гуиф (Шведска) и нашиот Бутел.

Денес на програмата се два дуели и церемонијата на Свеченото отворање на турнирот. Од 18:30 турнирот ќе го отворат домаќинот РК Струга и Пролетер (Србија). За во 20 часот е закажано Свеченото отворање на турнирот. Во 21 часот е вториот денешен дуел помеѓу АЕК Атина (Грција) и нашиот тим РК Бутел. 



