Филип Талески веднаш остави силен впечаток во швајцарскиот ракомет! Македонскиот лев бек имаше блескав прв настап за Сур Арау, покажувајќи дека ќе биде големо засилување за екипата во продолжението од сезоната.
На натпреварот против Хандбал Штефа, Талески беше вистинска гол-машина. Постигна седум гола од осум шута и го предводеше својот тим до убедлива победа од 35:26.
Успешна вечер имаше и Мартин Поповски, кој исто така се запиша меѓу стрелците со три погодоци. Така, македонското дуо имаше значаен придонес во триумфот на Арау.
Победата е уште поважна ако се знае дека тимот претходно беше во серија од шест порази во шампионатот. Со освоените бодови, Сур Арау конечно се врати на победничкиот пат и стигна до четвртиот лигашки триумф.
Следната задача за Талески, Поповски и соиграчите е гостувањето кај Амичитија Цирих, каде ќе се обидат да ја продолжат позитивната серија.




