РК Алкалоид направи голем чекор кон осминафиналето на ЕХФ Европскиот куп, откако на домашен терен убедливо го совлада словенечкиот Горење Велење со 32:23, во првиот натпревар од третото коло.
„Алкалоид“ одигра одличен натпревар и со девет гола предност ќе патува на реваншот во Словенија, каде ќе се обиде да го потврди пласманот меѓу најдобрите 16 екипи во натпреварувањето.
Најдобри стрелци во македонскиот тим беа Марко Митев и Матиц Сухолежник со по пет погодоци, додека стружанецот Никола Костески и Игор Ѓорѓиев постигнаа по четири гола, давајќи значаен придонес во убедливата победа. На голот Кизиќ забележа 9 интервенции.
Реваншот во Велење е закажан за недела, 29 ноември, а Алкалоид ќе има сериозна предност во битката за место во ТОП-16 фазата.



