„Гладијаторите“ продолжуваат да газат на европската сцена! Охрид го елиминираше литванскиот Драгунас Клаипеда, запиша две убедливи победи и **втора сезона по ред обезбеди место во осминафиналето на ЕХФ Европскиот куп!
Првиот меч беше вистинска демонстрација на сила – 30:19, а на реваншот во „Билјанини Извори“ охриѓани повторно го потврдија својот квалитет со победа од 32:25 (15:11)!
Вкупно 62 постигнати голови, две победи и ново европско осминафинале! Охрид продолжува да ја брани круната и да го покажува македонскиот ракомет во најдобро светло!
ЕВРОПА ПОВТОРНО ЌЕ ГИ ГЛЕДА ГЛАДИЈАТОРИТЕ – ОХРИД Е МЕЃУ 16 НАЈДОБРИ!
javisejuzna.mk




