Одличен настап на Џудо клуб Дрим од Струга на меѓународниот турнир „BH Open“ во Сараево, Босна и Херцеговина, каде струшките џудисти со седум натпреварувачи освоија вкупно четири медали – два златни и два бронзени.
Стружани уште еднаш покажаа борбеност, посветеност и квалитет, достојно претставувајќи го клубот и градот Струга на меѓународната сцена.
🏆 МЕДАЛИСТИ НА ЏК ДРИМ:
🥇 Даријан Ночески – 1. место
🥇 Енил Ајдиноски – 1. место
🥉 Софија Ноческа – 3. место
🥉 Лука Трца – 3. место
На турнирот настапија и Анастасија Јовческа, Елиф Тала и Ненад Костоски, кои и покрај тоа што овојпат не стигнаа до медал, заслужуваат пофалби за борбеноста, вложениот труд и стекнатото искуство.
Четири медали од седум натпреварувачи е одличен резултат за Џудо клуб Дрим од Струга, кој продолжува да работи со младите џудисти и да ги мотивира кон нови успеси и предизвици.



