Пионерките на Струга ЖРК продолжуваат во победнички ритам! Стружанки на гостувањето кај Астибо одиграа одличен натпревар и славеа со убедливи 17:27, во рамките на 8. коло од Пионерската женска лига.
Уште во првото полувреме гостинките направија голема разлика, заминувајќи на пауза со предност од 5:13. Во продолжението не дозволија никакво изненадување, па со сигурна игра стигнаа до нов триумф.
🏆 АСТИБО – СТРУГА ЖРК 17:27 (5:13)
Стрелци:
🔴 Астибо:
Донева 7, Илиева 2, Тонева 1.
🔵 Струга ЖРК:
Илиоска 7, Ѓонеска 6, Крстаноска 6, Куциноска 4, Паноска Николина 3, Миса 1.
📋 СОСТАВИ
Астибо: Авукатова Анастасија, Кочева Ани, Молеровик Јована, Донева Јандра, Николик Јована, Митева Клара, Гигова Миа, Стојанова Мелани, Постолова Лина, Благојчевска Мила, Спасевска Ана, Михаилова Анастасија, Димитрова Леона, Додева Дарија, Тонева Стефанија, Илиева Нина.
Струга ЖРК: Куциноска Јоана, Паноска Деспина, Дејкоска Христина, Димовска Евгенија, Пејчиноска Александра, Глигороска Марија, Паноска Николина, Ѓонеска Елена, Крстаноска Ива, Илиоска Мила, Рафтовска Михаела, Шеќероска Андреа, Миса Мила, Мазникоска Стефанија, Нестороска Михаела.
Струга ЖРК со уште едно убедливо издание, 27 постигнати гола и победа која ја потврдува одличната работа со младите ракометарки!
javisejuzna.mk — пријател на македонскиот ракомет



