Младите ракометари на Струга имаа успешен настап во двете младински категории, откако пионерскиот и кадетскиот тим забележаа убедливи победи во натпреварите од своите лиги, одиграни во спортската сала „Тими“.
Пионерите на Струга славеа против Пролет 62 со 26:19, во натпревар во кој уште на полувремето имаа предност од 13:8, а со сигурна игра во продолжението ја потврдија победата. Најефикасен во редовите на Струга беше Борјан Домазетоски со девет гола, додека Шеј Хусејин постигна четири, исто колку и Никола Спироски и Тино Бебекоски.
Кадетите, пак, одиграа уште еден одличен натпревар и го совладаа ГРК Тиквеш 2014 со 29:18. Стружани доминираа во текот на целиот дуел, а на паузата имаа предност од 17:9. Фантастичен настап имаше Горазд Ојлески, кој постигна 13 гола, а значаен придонес дадоа и Марко Танаскоски со четири и Јордан Танаскоски со три погодоци.
Двојната победа е потврда за добрата работа со младинските категории на Струга, која продолжува да бележи позитивни резултати и да создава нови ракометни надежи.
ПИОНЕРСКА ЛИГА – СТРУГА – ПРОЛЕТ 26:19 (13:8)
Стрелци за Струга:
- Борјан Домазетоски – 9
- Никола Спироски – 4
- Тино Бебекоски – 4
- Хусејин Шеј – 4
- Лука Милошески – 2
- Петар Анастасијевски – 2
- Никола Коцарески – 1
Стрелци за Пролет 62:
- Марин Стојаноски – 6
- Јован Павловиќ – 5
- Никола Шошовски – 3
- Петар Чековски – 2
- Стефан Контески – 1
- Вељан Николовски – 1
- Андреј Коцевски – 1
КАДЕТСКА ЛИГА – СТРУГА – ГРК ТИКВЕШ 2014 29:18 (17:9)
Стрелци за Струга:
- Горазд Ојлески – 13
- Марко Танаскоски – 4
- Јордан Танаскоски – 3
- Климент Пројковски – 3
- Матеј Ковачески – 2
- Михаил Стојкоски – 2
- Благоја Цветковски – 1
- Бојан Дуноски – 1
- Петар Дуноски – 1
Стрелци за ГРК Тиквеш 2014:
- Марио Ѓорѓиев – 5
- Филип Јанчев – 4
- Никола Златев – 4
- Зоран Билков – 3
- Никола Јанчев – 1
- Виктор Петрезанов – 1



