Македонија доби нов повод за спортска гордост! Ведрана Тунески освои бронзен медал на Европското кадетско првенство во таеквондо, отк ако со фантастични борби стигна до полуфиналето и се најде меѓу најдобрите на континентот!
Младата македонска таеквондистка патот до медалот го трасираше со две одлични победи над претставничките на Холандија и Шведска, двете со резултат 2:0. Во полуфиналето беше запрена од противничката од Полска, но европската бронза веќе беше обезбедена!
Членката на ТК Бутел покажа дека Македонија има талент кој допрва треба да го освојува европскиот и светски спортски врв. Овој резултат е уште една потврда за квалитетната работа и потенцијалот на младите македонски спортисти.
Големи честитки за Ведрана, како и за тренерскиот тим Борче Костовски и Викторија Спасовска!



