Жозе Мурињо во Премиер лигата бил на чело на три тима и тоа на сегашниот Тотенхем како и на Челзи и на Манчестер Јунајтед. Португалскиот стручњак откри пред медиумите дека најмногу му се допаѓа Астон Вила, бидејќи има многу квалитетни играчи, играат допадлив фудбал и имаат пред се квалитетен менаџер на клупата.
Тотенхем по завршувањето на обврските во полуфиналето во Лига купот и ФА купот на 13 јануари токму со клубот од Бирмингем ќе ги соочат силите во рамките на Премиер лигата.