Екипата на Струга Трим и Лум денес од 17 часот во Скопје ќе игра во реванш дуелот од првото квалификациско коло за пласман во Конференциската лига на УЕФА. Стружани ќе ја дочекаат Лиепаја, со активни 1-1 од гостувањето во Летонија.
Тренерот на Струга, Срѓан Захариевски ја даде следната изјава:
Мислам дека резултатот од Летонија е реален епилог од сè што се случуваше на теренот. Сепак, Лиепаја има квалитетен тим, но јас мислам дека имаме реални шанси да го минеме ривалот. Поради тоа што правилото „гол на гости“ не важи, ќе започнеме од 0-0. Нема да брзаме, ќе ги чекаме шансите, бидејќи секоја грешка може да значи елиминација“, истакна Захариевски.