Норвежанецот Карстен Ворхолм уште еднаш ја покажа својата доминација на трките на 400 метри со пречки, откако победи и во финалето на ЛОИ 2020.
За Ворхолм, ова беше прв олимписки медал, а воедно и продолжување на серијата од победи, која датира од 2018.
Освен што нема пораз цели три години, Ворхолм синоќа во потполност го уништи својот претходен светски рекорд, откако истрча неверојатни 45,94 секунди.
На второто место се пласираше неговиот ривал, Раи Бенџамин, кој стана вториот најбрз човек во оваа дисциплина со време од 46,17, кое исто така беше побрзо од претходниот светски рекорд (46,70) поставен пред само еден месец.
Без никакви изненадувања, бронзата ја освои Бразилецот Алисон дос Сантош со нов јужноамерикански рекорд од 46,72.
На оваа трка беа поставени и нови национални рекорди на три други држави, односно на британските Девствени Острови (Кајрон МекМастер – 47,08), на Турција (Јасмани Копељо – 47,81) и на Естонија (Расмус Маги – 48,11).