Екипата на Сан Хозе Шаркс синоќа славеше со 0-3 над ЛА Кингс и со тоа ја запиша и третата победа во низа.
Имено, ,,Ајкулите” дадоа по еден гол во секоја третина за триумф во дербито на Калифорнија.
Најпрво, во првиот дел погоди Томаш Хертл, а освен него, во листата на стрелците се запишаа уште Тимо Мајер и Рудолфс Балкерс.
Голманот на Шаркс, кој претходно го носеше дресот токму на Кингс, Мартин Џонс, со 30/30 одбранети удари го запиша првиот овосезонски шут-аут.
На табелата на Западната дивизија, Сан Хозе се наоѓа на шестото, а Кингс на седмото место, со реални шанси за плејоф.
📸 Juan Ocampo/NHLI via Getty Images