Поранешниот македонски репрезентативец Иван Марковски, е новиот тренер на Металург.Марковски, како ракометар настапуваше и за екипите на Пелистер, Вардар, Металург, Метковиќ Јамбо, Загреб, италијанскиот Џенерали Трст, саудискиот Ал Шабаш и Арагон од Шпанија. Како тренер тој почна со проектот Работник во Македонија, а потоа успешно го водеше францускиот женски тим Ле Самбр Авенуа.