Во натпревар од Лигата на Европа синоќа во Битола во спортската сала „Боро Чурлевски“ Еурофарм Пелистер го демолираа составот на Татабања со 33-20.
После натпреварот десното крило Јосип Божиќ Павлетиќ изјави:
Одигравме перфектен натпревар, од почеток до крај бевме максимално концетрирани. Бевме одлично подготвени, ги знаевме и ги искористивме сите слабости на противникот. Мило ни што остваривме ваква победа за нашите навивачи.