
Ст. Џорџ Илавара Драгонс ги совладаа Саут Сиднеј Рабитохс со 32-12 во првиот меч од петнаесеттото коло на НРЛ.
Имено, Драгонс влегоа фуриозно во натпреварот и водеа со 32-0 на полувремето што претставува нивно најголемо водство после четириесет минути игра од 2001 наваму.
Рабитохс одиграа очаен прв период во кој имаа 37% посед, само 455 освоени метри, 21 промашено соборување, 4 грешки и 5 казни.
Во второто полувреме успеаја за нијанса да го поправат впечатокот со серијата од почесни 12-0.
За номиналните гости, Коди Никорима погоди две конверзии, а по еден есеј постигнаа Демиен Кук (57′) и Камерон Мареј (61′).
Од другата страна, Зек Ломакс погоди 4/6 шутеви, а положувања имаа Бен Хант (4′), Микаеле Равалава (11′, 18′), Џек Де Белин (14′), Мосес Сули (23′) и Коди Ремзи (26′).
Бодовно, двете екипи се израмнети во досегашниот дел од сезоната со тоа што Рабитохс го држат осмото, а Драгонс – десеттото место.