Фактот дека домашниот терен не ира значајна улога во полуфиналната серија помеѓу Авангард Омск и АК Барс Казањ беше обелоденет и денес.
Имено, Авангард успеа да стекне предност од вкупни 2-0 со двете гостински победи, но АК Барс Казањ израмни на 2-2 токму на ист начин.
Денес беше одигран нивниот четврти меѓусебен дуел од оваа серија, на кој АК Барс триумфираше со 1-2.
Стрелци за победничкиот состав беа Михаил Глухов во првата и Станислав Галиев во третата третина.
Од друга страна, единствениот гол за Авангард беше дело на Корбан Најт на осум секунди пред крајот на натпреварот.
Исто така, важна алка во триумфот на претставниците на Казањ беше голманот Тимур Билјалов со 31/32 одбранети шутеви (96,88%).
📸 Twitter: ХК Ак Барс