Четвртиот финален меч помеѓу Тампа Беј Рејс и ЛА Доџерс беше нешто што во најголема мера го очекуваме од право финале.
Тампа Беј успеа да слави со 8-7 и да израмни на вкупни 2-2, во натпревар што беше исполнет со хоум-рани, пресврти, грешки и драматичен финиш.
Сè се реши во последниот ининг, кога по ударот на Брет Филипс, играчите на Доџерс направија неколку клучни грешки во низа, а тоа го искористија противниците, кои постигнувајќи два поени, направија победоносен пресврт.
Хоум-рани за Доџерс постигнаа Џастин Тарнер и Кори Сигер, додека за Рејс поентираа Ренди Арозарена, Хантер Ренфроу, Брендон Лоу и Кевин Кирмаер.