Вчерашната трка на 400 метри со пречки во машка конкуренција влезе во историјата со новиот светски рекорд на Карстен Ворхолм.
Сепак, истото сценарио го приредија и најбрзите девојки во оваа дисциплина.
Имено, до нов светски и олимписки рекорд, а воедно и до прво олимписко злато, дојде Американката Сидни МекЛафлин со време од 51:46.
На второто место заврши нејзината најголема конкурентка, Далила Мухамад (51:58), која исто така истрча побрзо од претходниот светски рекорд што гласеше 51,90 секунди.
Со бронза се закити и младата Холанѓанка, Фемке Бол (52,03), која постави нов европски рекорд и стана третата најбрза атлетичарка во историјата на трките на 400 метри со пречки.
Во продолжение, пласман во финалето изборија уште: Џанив Расел (53,08), Ана Рижикова (53,48), Викторија Ткачук (53,79), Џана Вудраф (55,84) и Ана Кокрел (дисквалификувана).