На пријателскиот натпревар кој се одигра во Струмица, фудбалската репрезентација на Македонија со 3-1 ја совлада Ерменија.
Резултатот го отвори Александар Трајковски самиот финиш од првото полувреме. Во второто полувреме во 58. минута Милан Ристовски погоди за 2-0 , додека 88. минута Даци донесе убедлива предност на Македонија од 3-0.
Ерменија преку Спертсиан од слободен удар постигна почесен гол за конечни 3-1, пред самиот судиски свиреж за крај.