Синоќа, по третпат во низа на меѓусебните дуели, Мајами Марлинс ги поразија Вашингтон Нешоналс, откако триумфираа со 0-3.
Уште во првиот ининг, Марлинс стекнаа минимална предност од 0-1, преку освоените четири бази на Џез Чисхолм.
Истиот резултат беше активен сè до последниот период, кога Луис Бринсон и Луин Диаз поентираа со трчање.
Освен поентерите, важна алка во редовите на Мајами беше фрлачот Сенди Алкантара, кој за осум ининзи допушти само една база и освои седум страјк-аути.
Во Националната лига, Мајами (61-83) ја држи дванаесеттата, а Вашингтон (59-85) – тринаесеттата позиција после 144 одиграни натпревари.