Мајами Марлинс и Њујорк Јенкис одиграа вкупно три меѓусебни дуели во тековната сезона.
На сите три пресметки како победници излегоа Јенкис, кои славеа со вкупна поен-разлика од 10-4.
Синоќа, претставниците на Њујорк триумфираа во Флорида со 1-3 и им го нанесоа на Марлинс четвртиот пораз во низа.
Домаќините поведоа уште во првиот ининг преку трчањето на Мигел Рохас по ударот на Брајан Андерсон.
Гостинскиот состав направи целосен пресврт во осмата деветтина со освоените четири бази на Брет Гарднер и на Џанкарло Стентон, а во наредниот период, Глејбер Торес го постави конечниот резултат.
Победниците успеаја да дојдат до своите три поени, бидејќи во последните два ининзи, на фрлачката позиција на Марлинс настапија тројца фрлачи.
Во претходните седум периоди, Сенди Алкантара блескаше со десет освоени страјк-аути и со само две допуштени бази.
Во Националната лига, Мајами (44-61) го држи тринаесеттото место, додека Јенкис (56-48) се шести во Американската лига.