Фудбалската репрезентација на Македонија ќе одигра три натпревари од квалификациите за светското првенство. На 2. септември ја пречекуваме Ерменија, на 5. септември гостуваме во Исланд, а на 9. септември на домашен терен ќе играме против Романија.
Адис Јаховиќ повратникот во дресот на Maкедонија:
„Секогаш сум сакал да играм за нашата репрезентација. Чувството е убаво, како и пред 10 години кога за прв пат го облеков дресот со националниот грб“
Секогаш сум сакал да играм за мојата татковина. Повикот од новиот селектор ме радува и многу сум среќен што сум дел од националниот тим. Чувството е како и првиот пат кога бев повикан, кога имав 26 години. Ќе дадам се од себе да направиме добри резултати. Треба да одиме чекор по чекор, од натпревар во натпревар. Ни претстои средбата со Ерменија. Тој натпревар треба да го одиграме како треба, противникот добро е анализиран. Потоа ќе мислиме на Исланд, па на Романија. Трите натпревари се многу блиску. Се надевам на добри резултати и да ја израдуваме нашата држава, а воедно да покажеме дека сме кандидати за пласман на Светското првенство, изјави Јаховиќ.