Кливленд Гардијанс направија хет-трик против Канзас Сити Ројалс, поразувајќи ги на сите три натпревари од меѓусебната серија.
Во третиот меч, минатогодишните Индијанс од Кливленд беа подобри од своите ривали со резултат од 4-0.
Домаќините постигнаа по еден поен во четири последователни периоди, односно во третиот, во четвртиот, во петтиот и во шестиот ининг.
Поентери за победничкиот состав беа Ричи Паласиос, Овен Милер, Лук Маиле и Андрес Хименез, кои освоија по четири бази.
Одличен со осум страјк-аути беше и фрлачот на Гардијанс, Конор Пилкингтон, кој го имаше првиот старт во својата МЛБ кариера.
Во Американската лига, Кливленд (22-24) го држи деветтото место, додека Ројалс (16-33) останаа на последната позиција.