Домаќинот Египет на премиерата на Мундијалот го победи Чиле со 35:29. Египет доминираше во текот на целиот меч, а победникот веќе се знаеше по првото полувреме што им припадна на популарните ,,Фараони” со 18:11.
Египет има големи амбиции, а ќе игра со Македонија во второто коло од нашата група на 16.јануари од 18 часот. Со Чиле ќе играме два дена посоцна, а за нас премиерата е со Шведска, утре во Каиро од 20.30 часот.