Во ,,мајсторката” на четврт-финалната серија од КХЛ помеѓу ЦСКА Москва и Локомотив Јарослављ беше одреден вториот патник во финалето на Западната конференција.
Имено, откако славеше денес со 2-0, ЦСКА обезбеди конференциско финале со вкупен триумф од 4-3.
На седмиот меч, двата погодоци паднаа во првата третина, во интервал од пет минути.
Стрелци на победничките голови за московскиот состав беа Мет Робинсон и Максим Шалунов.
Освен нив, важна алка беше и голманот Ларс Јохансон, кој со 24/24 одбранети шутеви, го запиша третиот шут-аут во овосезонскиот плејоф.
Во полуфиналето, ЦСКА ќе ги одмери силите со СКА Ст. Петербург.
📸 Twitter: ХК ЦСКА Москва