Синоќа, на ,,Минут Меид Парк”, ЛА Анџелс, иако беа аутсајдери, славеа над Хјустон Астрос со 2-4.
Во првиот ининг, Анџелс стекнаа предност од 0-2 преку Дејвид Флечер и Шоеи Охтани, а веќе во третиот дел, Луис Ренгифо и Џо Адел зголемија на 0-4.
Од редовите на домашниот состав, Хозе Сири намали на 1-4, а конечниот резултат го постави Кајл Такер.
Од фрлачите на ,,Ангелите”, добра партија пружи Хозе Суарез, кој освои седум страјк-аути и дозволи само еден поен.
Во Американската лига, Хјустон го држи второто место, додека Анџелс се наоѓаат на деветтата позиција.