Поранешниот македонски репрезентативец Влатко Митков, кој има Мастер Коуч лиценца во новата сезона ќе биде тренер во Холабрун во Австрија каде настапува во овој момент, и доаѓа на местото на Иво Белас.
За тимот на Холабрун во кој покрај Митков настапуваше и десното крило Никола Костески иако заврши на првото место во Втората лига, сепак нема да игра во најелитната конкуренција во Австрија, по одлуката на тамошната федерација да нема ниту испаѓање, ниту пласман погоре оваа сезона.