Кадетската репрезентација на Македонија после двете високи победи на ЕХФ шампионатот над Турција и Косово веќе обезбеди пласман во полуфиналето. Наредниот натпревар против домаќинот Латвија ќе биде борба за првото место и полесен противник во полуфиналето.
Речиси да не постои кадетска, младинска или сениорска ракометна репрезентација на Македонија која во својот состав нема стружани. Во оваа селекција претставници од Струга најракометниот град во Македонија се младите бекови Мирче Калајџиески и Славчо Шулески, како и тренерот Наум Танески, член на стручниот штаб на селекторот Раде Стојановиќ.