Вардар ќе игра во финалето на 29. ракометен Куп на Македонија, откако во денешниот прв полуфинален натпревар го совлада тимот на Еурофарм Пелистер 2 со 28-24.
Најефикасни за Вардар беа Тимур Дибиров со 10 (три од пенал) и Филип Талески со 9 гола, додека Еурофарм Пелистер 2 најефикасни беа Павле Петровиќ и Милан Ѓукиќ со по 6 погодоци.