Македонскиот ракометен шампион Вардар, во првиот меч од четвртфиналето на СЕХА лигата славеше над ППД Загреб со 24-20.
Најефикасни во тимот на Вардар беа Анте Кудуз и Тимур Дибиров со по 7 гола. Кај Загреб најдобар беше довчерашниот играч на Вардар крилото Иван Чупиќ со 8 погодоци.