Лионел Меси ја освои „Златната топка“ за најдобар играч во светот за 2021 година. Второто место му припадна на Роберт Левандовски, додека трет на листата на Жоргињо. Ова е седма „Златна топка“ за аргентинецот, откако претходно ја добиваше во 2009, 2010, 2011, 2012, 2015 и 2019 година.
На церемонијата во Париз за престижната „Златна топка” Педри од Барселона е најдобар млад фудбалер, Роберт Левандовски е прогласен за најдобар голгетер, додека Донарума е избран за најдобар голман.