Денес беше одигран заостанатиот натпревар од 16. коло на шкотскиот Чемпионшип, во кој се соочија две екипи што целат кон промоција, односно Данфермлин и Данди ФК.
Нивниот дуел заврши со нерешен резултат од 0-0, кој не им одговара ни на двата ривали.
Данди беше подобар во текот на цел натпревар и доминираше во секое поле на статистиките, но не успеа да триумфира и покрај неколкуте солидни шанси.
Накрај, ,,Сините” со новиот поен останаа на третото место и им дозволија на Раит Роверс да побегнат за два поени, откако славеа над Квин оф Саут со 0-1.
Што се однесува до домаќините, тие останаа на петтото место со само бод заостаток во однос на четвртопласираниот Инвернес, кој е последен тим од плејоф-зоната.
Имено, битката за директна промоција во Премиершип е завршена од пред три дена, откако Хартс ја заверија титулата и изборија враќање во елитата.
📸 Ross MacDonald/SNS Group via Getty Images