Битолчанецот Пеце Рајатоски е нов играч на Голден Арт. Леворакиот ракометар кој подеднакво добро се снаоѓа на позициите десен бек и десно крило е последното засилување и со тоа се затвара списокот на играчи кои оваа година ќе настапуваат во дресот на Голден Арт КЛ7, во обид клубот да се врати во супер лигата. Минатата сезона Рајатоски настапуваше во супер лигата, во дресот на РК Струга и успешно се снаоѓаше на двете позиции на десната страна во нападот па очекувано е и тренерот Матлиески да го користи на повеќе позиции. Пеце Рајатоски е поранешен јуниорски репрезентативец, играч со голем потенцијал и заедно со Колоски кој веќе тренира со екипата ќе имаат шанса да тренираат на високо ниво и со повеќе време поминато во игра да го достигнат зенитот на својата играчка зрелост. Токму затоа е ангажманот на Рајатоски, но и на останатите засилувања на клубот во овој преоден рок.
– стои на фан страната на клубот во најавата за Пеце Рајатоски.