Во финалето на Европското карате првенство кое се одржува во Тампере, Финска во јуниорска конкуренција во категоријата над 76 килограми македонецот Стефан Стојановиќ славеше против Италијанецот Матео Авназини со 5-4. Со ова нашиот каратист се закити со златниот медал откако претходно забележа 5 победи.