На денешен ден во 1885 бил основан актуелниот англиски второлигаш – Лутон Таун.
Пред овој клуб, во истоимениот град владееле неколку клубови од кои, најмногу се истакнале Лутон Вондерерс и Лутон Ексцелсиор.
Токму еден од играчите на Лутон Вондерерс, Џорџ Дикон, ја дал идејата за формирање на Лутон Таун имајќи намера во него да играат најдобрите играчи од градот.
Идејата, првично, не била добро прифатена, но на 11 април 1885 бил одржан состанок на којшто била донесена одлуката за основање на клубот.
Во 1890, Лутон Таун почнал да им дава плата на некои свои играчи, а во 1891, клубот станал целосно професионален.
Имено, Лутон бил првиот целосно професионален клуб во јужна Англија и бил еден од основачите на Саутерн Лиг во 1894.
Низ историјата, Лутон ги има освоено втората (1981/82), третата (1936/37, 2004/05 и 2018/19) и четвртата лига (1967/68), додека во 1958/59, бил англиски вицешампион.
Од англиските купови, трофеи освоил во 1987/88 (Лига Куп) и во 2008/09 (ЕФЛ Трофи).
📸 BBC
📸 Twitter: Luton Town