Френк Лампард е еден од најдобрите фудбалери во историјата на Челзи, но кога се работи за тренерската работа, ситуацијата е многу поинаква. Сепак, Лампард е далеку од добар како тренер, а статистиката покажува дека легендарниот фудбалер е очаен како стратег.
Со просек од 1,67 бодови на 55 меча, Лампард е најслабиот тренер во Челзи, откако во клубот е дојден Роман Абрамович. Досега овој неславен рекорд беше во сопственост на Андре Вилјаш Боаш со просек од 1,70 поени на меч, но сега Лампард е под овој просек на португалецот.
На првото место според просекот на освоени бодови е Аврам Грант кој беше предводник само 32 меча, но имаше одличен просек од 2,31 освоени бодови во првенството како тренер на Челзи.
Зад Грант е Жозе Мурињо кој го водеше клубот на 212 натпревари, а во просек освојуваше 2,19 поени на средба. Следат Карло Анчелоти и Антонио Конте со просек од нешто повеќе од два бода на меч, а тука се и Рафаел Бенитес и Луис Фелипе Сколари.