Во седмото коло од ВМФЛ Исток, лидерот на табелата, Каменица Саса, гостуваше на ,,Градски стадион” во Гевгелија кај екипата на Кожуф.
Натпреварот заврши со реми од 0-0, откако двете екипи беа повеќе ориентирани кон дефанзивните задачи.
Во завршницата од мечот, резервистот од клупата на Кожуф, Ангел Кочев, доби неправеден црвен картон што предизвика бурни реакции на трибините.
Сè до крајот, свирежите од гевгелиската публика не отсуствуваа, но тоа немаше никакво влијание врз ситуацијата на теренот.
Саса и понатаму го задржа првото место на табелата, додека Кожуф остана на шестата позиција.