Центарот на Лос Анџеелс Лејкерс, Двајт Хауард кој веќе има 34-години повторно го смени клубот и од следната сезона ќе игра за Филаделфија, со која што потпиша минимален, т.н. договор за ветерани, за една година – вреден 2,6 милиони долари.
Популарниот Супермен во неговите најдобри денови беше веројатно најдоминантниот центар во лигата беше незапирлив во дресот на Орландо каде мина осум сезони.
Трејдуван е во Лејкерс, каде остана само една година, а потоа следуваа епизоди во Хјустон, Атланта, Шарлот и Вашингтон, каде што главно поради повредите беше далеку од своите магични броеви. Конечно, тој ја доби поканата што ја чекаше претходната сезона, враќање во Лос Анџелес каде ја круниса својата кариера со шампионскиот прстен.