Во рамките на триесет и третото коло од англискиот Чемпионшип, Хадерсфилд го порази Фулам со 1-2.
За ,,Териерите”, ова беше вкупно петнаесетти меч без пораз, кој ги остави како единствен тим од цела лига што нема пораз во 2022 година.
Гостите од Западен Јоркшир ја најавија својата победа кон крајот на првото полувреме, кога мрежата на Марек Родак ја затресоа Дени Ворд (31′) и Двејн Холмс (42′ од пенал).
Во преостанатиот дел од мечот, Фулам упати вкупно 20 шутеви, од кои, прецизен беше само еден удар на Боби Рид (83′) во самиот финиш.
На табелата, Фулам остана на првото место, додека Хадерсфилд скокна до високата четврта позиција.