Во плејофот на англискиот Чемпионшип, традиционално се одредува третиот патник во Премиер лигата за наредната сезона. Оваа година, во полуфиналињата се соочуваат Свонси – Брентфорд и Кардиф – Фулам. Синоќа, Свонси на домашен терен славеше со 1-0 против својот ривал и со минимална предност ќе го пречека реваншот.
Денес, на „Кардиф Сити Стадиум“, во главниот град на Велс, беше одигран првиот полуфинален дуел помеѓу Кардиф и Фулам. По сиромашното прво полувреме, следуваше одлично второ, пред сè за навивачите на Фулам. Лондонскиот тим успеа да победи со 0-2, а головите ги постигнаа Џошуа Онома (49′) и Неескенс Кебано (90+1′): Онома со одличен соло-продор ги посрамоти дефанзивците на Кардиф, додека Кебано заби директно од слободен удар.
Реваншот, на „Крејвен Котиџ“, ќе се одигра во четврток (30 јули) со почеток од 20:45 часот.