Во рамките на 9 коло од Прва ЖФЛ, во фер и коректен прволигашки натпревар во Нов Дојран, се одигра дербито на колото. Домашната екипа на ЖФК Истатов ја пречека ЖФК Ас Јунајтед од Струга при што гостинските фудбалерки си заминуваат со три бода од овој тежок и неизвесен натпревар.
Најзаслужни за гостинскиот триумф од 1:3 се Илза Максути која што беше двоен стрелец и Кристина Мојсоска која еднаш успешно стрелаше во противничката мрежа. Почесниот гол за ЖФК Истатов го постигна Радица Чонева. За прв пат екипата на Ас Јунајтед ја предводеше тренерот Ардијан Мерко.