Toдор Јанкуловски десното крило на РК Струга покрај давањето голови на теренот, во слободното време работи како волонтер во Црвениот крст Струга. Својата хуманост Тоше ја истакнал многупати досега. Во моментов со останатите волонтери на Црвен крст Струга се вклучи во процесот на ВАКЦИНАЦИЈА со цел да им помогнат на здравствените работници и да го олеснат процесот на ИМУНИЗАЦИЈА. Паролата која тие ја имаат деновиве е ,,ЗАШТИТИ СЕ СЕБЕСИ И ЗАШТИТИ ГИ ДРУГИТE”