Никола Ѓорѓиев и неговиот тим АХЦ Волеј од Љубљана се пласираа во полуфиналето на Челинџ купот, откако славеа на домашен терен со 3:1 над Бастардо од Португалија во реванш мечот од четвртфиналето.
Феноменалниот Никола Ѓорѓиев со 27 поени го предводеше словенечкиот тим до втора победа, откако словенците победија и на првиот меч во Португалија со 3:2. Со оваа победа обезбедија место меѓу четирите најдобри во третото по ранг европско натпреварување.